Денес, публиката го памети по неговата насмевка, емоции и песни кои со децении ги полнат салите низ целиот регион. Но, зад таа насмевка се крие животна приказна за која не се зборува често.
Жељко Самарџиќ имал 37 години кога војната дошла во неговиот роден Мостар. Градот што го познавал како космополитски и каде што луѓе од различни вери и националности се дружеле преку ноќ, станал место на страв, гранати, ранети и мртви. А потоа и самиот станал жртва на војната.
Самарџиќ еднаш раскажа дека во воените денови се обидувал да им помогне на луѓето околу него. Не сакал само да седи во засолништето додека другите биле повредени. Во еден момент се случило она што тој сè уште го памети. Го видел куршумот како доаѓа кон него и се обидел да се засолни. Не успеал.
Куршумот го погодил во левиот колк и сериозно го повредил долниот дел од ‘рбетот. Самарџиќ подоцна рекол дека бил сериозно ранет и дека видел луѓе околу него кои биле мртви и повредени.
Војната не само што му го одзеде чувството на сигурност. Морал да го напушти градот каде што се родил, пораснал и ги поминал најважните години од младоста.
Од Мостар, тој и неговото семејство заминале во Љубљана, а потоа започнал нов живот во Белград. За човек кој оставил цел живот зад себе, тоа значело почеток речиси од нула. И токму во Белград ќе започне втората глава од неговата кариера.
По пристигнувањето во Белград, пеел во клубови и барови, а потоа неговиот глас почна да добива сè поголемо внимание. Набрзо следи голема промена во кариерата. Човек кој ја преживеа војната, ранет и го напушти својот роден град, успеа да изгради кариера каква што сите ја знаеме денес. Затоа неговата насмевка на сцената има поинаква тежина. Зборувајќи за најтешките воени денови, Самарџиќ еднаш рече дека имал среќа што неговиот покоен вујко успеал да го извлече од тој пекол. И затоа, кога денес излегува пред публиката и се насмевнува, малкумина можат да видат колку живот стои зад таа насмевка, пишува сд.рс.




