- Во опсежна полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија за сузбивање криминална група осомничена за криумчарење нерегистрирани суплементи и медикаменти, се приведени најмалку шест лица, меѓу кои и еден цариник.
- Истрагата ја води ОЈО ГОКК и МВР: Акцијата е насочена кон спречување на шверцот и корупцијата, а во истражните дејствија и претресите на повеќе локации учествуваат и вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), додека обвинителството најави подетални информации по завршувањето на теренските активности.
Како што соопшти Клековски, акцијата не е поврзана со претходните акции во кои беше запленет нелегално внесен ботокс.
-Не се лекови во прашање, туку додатоци и надрилекарства. Случајот е поврзан со претходна акција, која не е поврзана со ботокс, а сите заедно се поврзани со сузбивање на шверцот и нелегалната трговија на лекови и суплементи и други средства кои предолго време претпоставувам биле толерирани, а може да доведе до големи несакани последици. Тоа се додатоци кои имаат тревки во различни комбинации кои се продаваат со различни својства, како поддршка на машкоста, подобрување на работа на еден, друг, трет орган кои не се регистрирани во земјава за таква намена и се комплетно надвор од законот“, изјави Клековски.
Слушајте радио во живо
Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност при МВР постапува по сомненија за криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари.
Прочитајте и за ова:
Ова се докторите и газдите на ординации уапсени за филери и ботокс – МВР со детали
Повеќе информации за акцијата од Обвинителството најавија за денеска. Од Обвинителството соопштија дека под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО за ГОКК, Министерството за внатрешни работи – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведе полициска акција насочена кон сузбивање криминална група осомничена за криумчарење стоки и кривични дела од коруптивна природа.
- Извршени се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации, соопшти ЈОРМ.
При претресите во во простории поврзани со правен субјект бил пронајден магацин со различни медицински лекови, како и машина за екстракција на масло.



