Летна покривот од штипската болница – Ортопедија и Интензивна нега се делумно поплавени

По краткотрајното силно невреме проследено со ветер и интензивен дожд што го зафати Штип пред 18 часот, без покрив остана Клиничката болница во Штип. Делови од лимениот покрив завршија во дворот на болницата, при што, според очевидците, оштетија две возила. Но, по невремето делови од Ортопедското одделние и Интензивна нега се под вода. Дел од пацинетите во поплавените соби се евакуирани, а како што објасни д-р Билјана Ефтимова, доколку има потреба, дополнително ќе се наоѓа сместување и за останатите пацинети.

-Пациентите се сместени во делот каде што е суво, каде што нема прокиснување. Значи во текот на ноќта ќе видиме, ќе ги префрлиме дел од пациентите на други одделенија со цел да бидат заштитени да не настанат некои нови дождови, со кои би се нарушило функционирањето. Тоа се пациентите од Ортопедското одееление, некаде околу 15 до 20. Бидејќи тоа не е целиот дел од од Ортопедското одделение и операционата сала на Ортопедија, но бидејќи имаме и други операциони сали ќе се адаптира и ќе се прилагодиме за да ги пружаме навреме нашите медицински услуги за населението, изјави д-р Ефтимова.

Ќе се работи и во текот на ноќта на отстранување на опасните делови од покривот и заштита на инвентарот и внатрешноста на болницата од дополнителни оштетувања, најави градоначалникот Иван Јорданов. За таа цел, на помош се повикани и приватниот фирми, а на терен се и вработени и механизацијата на јавни претпријатија. Клиничката болница останува најголемиот приоритет, иако има и многу други штети низ целиот градот. Заседаваше и Кризниот штаб, додека над 60-тина вработени од ЈП „Исар“ работат на отстранување на паднатите дрвја и друга материјална штета.

-Се делува на терен, работат сите екипи на јавно јавните претпријатија Стипион и Исар, Територијалната противпожарна единица и во комуникација со СВР Штип се расчистуваат сите сообраќајници. Од она коешто можевме да го добиеме како повратна информација на самиот Кризен штаб морам да констатирам дека е предизвикана материјална штета на приватни имоти и на институции. Имаме доста случаеви евидентирано во повеќе населби на паднати дрвја, гранки, покривни конструкции, оштетени возила. Сето она коешто и во моментов го работат екипите како комисија од страна на Општина Штип која ќе ги евидентира сите настанати штети. Оваа прилика ја користам да ги повикам сите граѓани да пријават одредена промена, која е настаната поради невремето или оштетување на нивниот приватен имот за да имаме точни податоци за состојбата на територија на општина Штип, повика Јорданов.

 Во моментот додека се даваа изјавите за санирање на штетите, Штип го преплави мирис на запалено. Центарот за управување со кризи соопшти дека активен е пожарот на градската депонија, кој го зачади градот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ