„Мајка му секое утро кога го отвора прозорецот плаче“ – Животот на семејството Дурмиши по смртта на Бесим

Блиски на смејството велат: Ова е Беким, многу информации прочитавме за него со слика од друг човек

Секому може да му се случи сообраќајка ама не секој е до толку бездушен! За каква хуманост зборуваме?

Родителите беа скршени, немам зборови да го опишам моментот. А мирни луѓе се, големи верници.

Уште една недела требаше да оди на работа и потоа да земе одмор и да ја заврши куќата. Ја изгради, но никогаш не се всели во неа.

На семејството да не сте им во кожа! Од се она што го преживеаја последнава година и од она што го гледаат деновиве навистина да не си им во кожа! До толку да е изгубена човечноста! До толку никој да не изрази сочуство и да не рече- чекајте бе, овде згасна млад живот, овде едно семејство се зави во црно! Секому може да му се случи сообраќајка ама не секој е до толку бездушен! За каква хуманост зборуваме?

Ова го вели близок член на семејството Дурмиши од Љуботен, кој не сакаше да го открие својот идентитет од причина што не сака неговото кажување да се поврзе со политика, бидејќи, како што вели, доволна е тагата што ова семејство ја живее.

Бесим Дурмиши во октомври минатата година на само 33 години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Учесник во сообраќајката беше актуелната Ива Михаилова, која пред неколку дена избега во Бугарија. И додека сите се заминаваат со пребеганата Ива, никој не помисли на жртвата, на неговите родители, на неговото семејство, на згаснатите соништа на човек полн со живот.

Прочитајте исто така: Побегна ли Ива Михаилова заради доаѓањето на бугарскиот тим лекари?

Канал77.мк разговараше  со човек, чиј идентитет е познат на редакцијата,  кој добро го знае семејството, а добро го познавал и сега веќе починатиот Бесим Дурмиши.  Уште на почетокот рече: „Ако се јавувате за политика, за судскиот процес и за ова што се случува деновиве -не! За тоа си има институции. Нас не не интересира политика! А ако се јавувате за да прашате во каква тага живее ова семејство по изгубеното чедо, ќе ви кажам“.

-Три деца беа, сестра им е најстара, а потоа се брат му Баки и Бесим. Сите живеја во истата куќа. Мајка му, татко му, брат му со семејството и тој со неговата сопруга, со која беа во брак пет години ама се уште немаа дечиња. Знаевме да му речеме-ајде кога дечиња, а тој одговараше- да се средам па после. Дента кога се случи сообраќајката им јавил роднина. Му звоенеле на Бесим и откако не го добиле брат му веднаш заминал на Клиника, по претпоставка дека ако е тешко повреден ќе дојдат таму.  Така и се случило. Кога ги донеле повредените Бесим не бил во свесна состојба. Некоја од сестрите или докторките на брат му му ги дала работите од Бесим, ланче и нешто друго, а потоа им кажале дека починал. Семејството беше во шок! Покрај брат му во болница во меѓувреме стасале и неговите родители и роднини. Се надеваа дека ќе се освести, дека ќе преживее, се молеа за неговиот живот ама…. Родителите беа скршени, немам зборови да го опишам моментот. А мирни луѓе се, големи верници. Телото беше предадено на обдукција и им го дадоа следниот ден за да го погребаат, вели нашиот соговорник.

Цела година ова семејство живее со болните спомени и тага за својот син и брат, бидејќи дома се уште се потсетува на него. Ништо од неговите лични работи не е поместено.

-Беше навистина мирно момче, мирен маж, вреден. Се знаеше да работи. Го биваше за електрика, поправаше се што треба дома, а го викаа и луѓето од Љуботен да им помага. Сите го знаеја како голем мајстор, на многу им помогнал. Им ги попрваше и колите. Па и таму кај што работел, колегите негови кажуваа дека  бил вреден. Им доаѓаа луѓе да им изразат сочуство и го кажуваа тоа.  Навистина се добро семејство, вели тој.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Сакајќи да си го среди животот Беким купил плац во Скопје и почнал да гради куќа. Куќата скоро била пред крај, требало да се всели кога се случила кобната сообраќајка.

-Купи плац во Скопје за да изгради куќа, но се предомисли и направи во Љуботен, за да биде поблиску до неговите. Сакал да остане да живее блиску до семејството, бидејќи таму не познавал никого. Уште една недела требаше да оди на работа и потоа да земе одмор и да ја заврши куќата. Ја изгради, но никогаш не се всели во неа. Ете што се случи, вели соговорникот на Канал77.мк.

Помина една година од кобната сообраќајка, но ова семество се уште не може да се помири со големата загуба.

Прочитајте исто така: Уставот на Бугарија максимално ја штити Ива Михаилова како бугарски државјанин доколку Македонија побара нејзина екстрадиција  

-Неговото семејство се уште не може да се помири со фактот дека него веќе го нема. Мајка му секое утро кога ќе отовори прозор плаче, гледа во дворот каде се уште му стои автомобилот и комбето, а дома се потсетува на него. Ама што и значи на мајка му и куќа и автомобил кога и го нема најмилото. За ова семејство животот продолжи да тече, но веќе ништо не е исто. Им се смени животот, немаат веќе планови, нема насмевка.  Ги остави во тага со празнина и спомени. Тажни се, многу се тажни. Нивниот друг син се уште родителите не ги однел во Кочани на судење, сака да ги заштити. Бев и јас ама не видов никој да им изрази сочуство од сите присутни, таму немаше хуманост.  А имаше луѓе и новинари и од тука и од странство. Братот го носи товарот, поминува низ сите работи, слуша се и сешто, преживува се одново и одново. На родителите им е доволна болката за изгубеното чедо. Но, не може да ги заштити од медиумите, гледаат деновиве што се случува по телевизиите. Затоа пак ќе кажам, не дај Боже никому да ја живе нивната болка, додава нашиот соговорник.

Весна Миленковска

Фото: Приватна архива

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ