Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација вечер ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Ова ќе биде меч од четвртото коло во Лигата на нации сегмент-Б.

Домаќините се апсолутни фаворити. Швајцарците ги добија сите три натпревари од почетокот на циклусот, додека Македонците ги забубија без постигнат гол.

Во Скопје, во 1.коло беше 3:0 за Швајцарија. Селекторот Гоце Седлоски очекува подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.

– Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме, изјави Седлоски на официјалната прес-конференција пред натпреварот.

Средбата ќе се игра на „Термоплан Арена“ во Луцерн со почеток во 20:45 часот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ