„За тебе можам сè“, балада на Марија Спасовска доби видеоприказна

Македонската поп-пејачка Марија Спасовска откако ја изведе на годинешниов Макфест 2026, својата фестивалска балада „За тебе можам се’ “ ја визуелизираше и со видеоспот кој својата премиера ја имаше во вторник, 17. ноември на Јутјуб каналот.

Покрај сигурната и впечатлива фестивалска изведба, младата пејачка се’ повеќе се наметнува и како зрел кантавтор, покажувајќи дека не само што знае „да се вози“ на модерните трендови, туку умее и многу повеќе – да напише музика и стихови за таканаречена „тешка тема“ каква што е и нејзината макфестовска балада, покажувајќи завидна умешност и знаење и во компонирањето на песни што долго остануваат. Секако, зачинета со одличното аранжманско решение на Николче Мицевски.

“За тебе можам се“ е токму таква, една од оние кои нималку не се лесни ниту за автортво, ниту за изведба, зашто бараат и творечка зрелост и посебна вокално – изведувачка експресија за да се донесат на сцената.
Токму тие макфестовски моменти Марија ги искористила и во видеоспотот, каде сета своја уметничка дарба при фестивалската презентација ја фузирала со доплнително снимени едноставни кадри кои и сликовито ја комплетираат приказната, кореспондирајќи со целокупната атмосфера што самата балада ја носи во себе: „Копнежот на една женска душа која чезнее по неостварената љубов…“!
Едноставно видео кое на целокупната музичка тежина и дава дополнителна патина која ја отсликува невозвратената љубов чија реализација ја потпишува екипата на Artistic Film.
Инаку баладата „За тебе можам се“ е уште еден музичко парче симнато од нејзиниот дебитантски албум „Седатив“ кој го промовираше во втората половина на 2026 година.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ