(Видео) Многу музика, љубов и емоција – Миле Кузмановски на Хераклеа со концерт што ќе се памети

Ќе има толку многу музика, љубов и емоција што публиката ќе сака уште и уште…

Така ќе биде на концертот на Миле Кузмановски, насловен како „Ехо од Хераклеа“ а закажан за 15 овој месец, со почеток во 20:30 часот во Хераклеа, Битола.
И што уште да се каже да Миле, кој зимата прослави 30 години кариера, во која се рени голем број песни. Публиката ќе има можност да ги слушне неговите безвременски хитови во едно поинакво издание, а ќе биде придружуван од НУ Камерен оркестар на Битола. Заедно ќе направат битолска приказна која ќе се памети.

Миле е веќе подготвен и вели дека едвај чека да запее заедно со битолчани, но и со сите нашинци од дијаспората,која летото го поминува во родниот крај.

-Никогаш досега не сум имал солистички концерт на Хераклеа. Сум настапувал, но во рамки на некоја манифестација. Многу убаво се чувствувам, возбуден сум. Често настапувам во Битола, им го знам табиетот. Имам многу пријатели, многу гостувања. Секогаш сум добредојден таму и затоа особено ми е драго што настапувам пред битолската публика. Искрено и мене ми се пее пред битолска публика. Лето е, нашите од дијаспорта се тука и би ми било драго и тие да дојдат затоа што навистина станува збор за необичен концерт со Камерен оркестар. Аранжманите се прилагодени на оркестарот, има гудачи, виолини, чела… Концертот нема да биде сосема ист со скопскиот, ќе има повеќе луѓе на бина. Како што ветив и на скопскиот ќе бидат споменати доајените кои јас сум ги затекнал, а не се меѓу живите и ќе испеам по една нивна песна во нивна чест. Музиката не почнала со нив, ниту со мене. Имало музика и пред нив, ќе има и по мене и затоа сакам да ги споменам и на еден начин да им се оддолжам, вели Миле.

Кузмановски зимата прослави 30 години криера и 53. роденден. Но, овој концерт е наречен „Ехото од Хераклеа“.

– Хераклеа е преубаво место за концерти. Самиот амфитеатар има убаво ехо, направен пред толку години а е толку прецизно направен да тој што седи напред и тој најгоре исто слуша. Ќе имам гости, а тоа се колеги од Битола. Едниот е Димитар Андоновски и Зац, кој е прекрасен пејач и музичар, вели тој.

Во агендата на Миле за годинава има уште многу настапи, но, како што рече тој, се додека не се познати датумите нема да објавува. Во меѓуврме тој преслушува нови песни и планира да извади уште две нови песни, една пред крајот на годината и една на пролет.

Картите за концертот на Хераклеа можат да се купат онлине на https://yournextevent.info/event.php?id=259 и на продажни места тобака Димпо и Сенатор рекордс, Битола.

Битолчани да бидат подготвни за забава што не се заборава ис е прераскажува…

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ