Згаснати два млади животи и запален автомобил – Голема трагедија во Богданци

Две безживотни тела се пронајдеи во близина на Богданци вчера попладне. Утврдено е дека едното тело е на момче(21) од Богданци, чие тело е пронајдено во близина на изгорениот автомобил, додека другото тело пронајдно опожарено во запалениот автомобил.

МВР објави информација за трагичниот настан.

-На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма”, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот, информират од МВР и додаваат:

-За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот, се вели во информацијата од МВР.

Според неофицијални информации, опожареното тело во автомобилот е на девојче, средношколка од Богданци. Како се случил пожарот во автомобилот и што навистина претходело на овој трагичен настан, полицијата дополнително ќе информира.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ