МВР истражува дали украден пиштол е причина полицајци да претепаат две момчиња

Две момчиња од Скопје се претепани, како што тврдат, од полицијата. Момчињата во видеото кое го објавија дел од медиумите тврдат дека полицајци ги малтретирале и тепале. Во видото тие велат дека полицајците ги бркале бидејќи им укале пиштол, но тие тврдат дека не точно.

МВР по овие написи информира дека го истражува случајот.

-По објавите во дел од медиумите дека на 07.10.2026 година, на подрачјето на Скопје, две лица биле физички нападнати од полициски службеници при нивното постапување, при што, според нивните наводи, им бил оштетен и автомобилот, министерот за внатрешни работи наложи на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот. Одделот презема мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за утврдување на евентуална одговорност на инволвираните полициски службеници. По утврдувањето на фактичката состојба ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи, а јавноста ќе биде навремено известена, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ