Со гала концертот „Љубов“  започнува 66. „Охридско лето“

Фото: Охридско лето

. Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски,токму во вечно инспиративниот Охрид се испреплетуваат традицијата и убавината, а уметноста  добива нова димензија и нова сила

. „Охридско лето“ отсекогаш внимава, вистинските културни вредности да ѝ ги наметне на младата популација

. Годинава на „Охридско лето“ новина се концертите на џез-музика што ќе се одржат од 13 до 16 август на сцената „Долни Сарај“ и во црквата „Света Софија“

Со гала концертот „Љубов“  на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор  Чарлс Кастроново, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми а во придружба на Националната опера и балет. 

Според првиот човек на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски,токму во вечно инспиративниот Охрид се испреплетуваат традицијата и убавината, а уметноста  добива нова димензија и нова сила преку фестивалот што веќе 66 години успешно опстојува и е високо етаблиран на меѓународната културна мапа.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

-Како директор на фестивалот, чувствувам особена одговорност, но и привилегија, да бидам дел од приказната што веќе со децении ја гради духовната и културната мапа на нашата земја и пошироко. „Охридско лето“ не е само фестивал — тоа е традиција, вредност и мост што ги поврзува културите, народите и генерациите, вели Цуцковски.

На 40-дневниот фестивалски репертоар се педесеттина неповторливи доживувања од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот при што фестивалските сцени ќе примат над 700 докажани уметници од 24 земји во светот. Во рамки на програмата е предвидено и одбележување на  два јубелеи, 100 години од раѓањето на големата оперска дива Ана Липша Тофовиќ и 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност –Скопје.

Видете исто така: https://kanal77.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bd%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-700-000-%d0%b8%d0%bb%d1%98%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82/

Во соработка со претставниците на дипломатските претставништва во земјава, ќе бидат организирани Австриска вечер, Шпанска вечер, Британска, Италијанска, Француска, Холандска, Грчка, Словачка, Унгарска и Полска вечер, како и Вечер на Европската унија. 

„Охридско лето“ отсекогаш внимава, вистинските културни вредности да ѝ ги наметне на младата популација, па така, пред свеченото отворање, денеска и утре во црквата „Света Софија“, во соработка со Музичката младина на Македонија, ќе биде организиран „Подиум на млади“ со новата генерација уметници на кои допрва им претстои блескава кариера.

Годинава на „Охридско лето“ новина се концертите на џез-музика што ќе се одржат од 13 до 16 август на сцената „Долни Сарај“ и во црквата „Света Софија“со врвни уметници од САД, Гана, Велика Британија, Холандија, Германија и С.Македонија.

Како што потврдува директорот на оваа Национална установа, Цуцковски, минатогодишното издание на „Охридско лето“ беше обележано со рекордна посетеност и рекордна продажба на билети во последните 10 години, што според него, претставува јасен показател за довербата во квалитетот на фестивалската програма.

Видете исто така: Возач во Охрид прегазил пешак и побегнал, пијани и возачот и пешакот

-Над 10.000 посетители беа дел од гледалиштата на шеесет и петтото издание на музичко-сценската манифестација „Охридско лето“. Според евиденцијата на купени влезници имаше публика од над 30 држави од сите континенти. Овие резултати не се значајни само за фестивалот, туку имаат и пошироко влијание врз развојот на туризмот, придонесувајќи за зголемена посетеност на градот како и дополнителна промоција на Охрид како атрактивна културна и туристичка дестинација, додава Цуцковски.

За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на претседателката на Р.С.Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, а со финансиска поддршка на Владата преку Министерството за култура и туризам. Генерален спонзор е  А1 Македонија, а во реализацијата на фестивалските вечери помагаат и Општина Охрид, дипломатскиот кор во земјава, како и бројни спонзори и поддржувачи. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ