- Симеон Михаилов, првично е осуден на доживотен затвор за три дела – убиство, насилство и изнуда, за подоцна да му се определи вкупна казна од 12,5 години затвор
- Тој е дел од групата позната по случајот „Детонатор“ рекетираше, палеше возила во знак на одмазда, недозволено држење на оружје, а подоцна и планирање и организирање убиство.
- Ќерката Ива Михаилова е обвинета за тешко кривично дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако на 7 октомври 2025 година, на патот Кочани–Штип во близина на Горни Подлог, дошло до сообраќајна несреќа во која загина едно лице.
На македонската јавност името на таткото Симеон Михаилов е добро познато. Тој е дел од групата која во периодот меѓу 2010 – 2013 година правеше р’шум низ градовите во источниот дел од Македонија. Групата позната по случајот „Детонатор“ рекетирираше, палеше возила во знак на одмазда, недозволено држење на оружје, а подоцна и планирање и организирање убиство. Групата одговараше за обид за убиство на кочанчанецот Драганчо Стојменов, на паркинг во скопската населба Аеродром. Стојменов беше главен сведок против групата.
Во голема полициска акција во неколку градови во источниот дел на Македонија, беа уапсени 14 лица, кои подоцна добија затворски казни, додека 13 полициски началници и командири беа разрешени. Беа запленети и 1000 нелегални покер апарати.
Во првичната пресуда, обвинетите во случајот „Детонатор“ добија затворски казни во траење од една година и три месеци до доживотен затвор.
Слушајте радио во живо
Конкретно, таткото на Ива, Симеон Михаилов, првично е осуден на доживотен затвор за три дела – убиство, насилство и изнуда, за подоцна да му се определи вкупна казна од 12,5 години затвор. Михаилов успеа да побегне, но беше фатен и во август 2014 година беше екстрадиран во Македонија. Михаилов повторно мистериозно избега од државата се стационира во Бугарија, каде што е и ден денеска и го видовме жив здрав на протестот за правда на ќерката. МВР го бара по меѓународна потерница, што стои со години на сајтот во делот потраги.

Бугарија никогаш не го испорача Михаилов на македонските власти, има бугарско државјанство, како и неговото семејство и по неколку години, кога ќе му застари делото, ќе може да се врати во неговата родна држава.
Прочитајте и за ова:
Се предаде телохранителот на Мијалков
Бугарија ревносно го следи судскиот процес и случајот со неговата ќерка Ива, која е обвинета за тешко кривично дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако на 7 октомври 2025 година, на патот Кочани–Штип во близина на Горни Подлог, дошло до сообраќајна несреќа во која загина едно лице. Во сообраќајката имаше повеќе повредени, меѓу кои и Ива. Во обвинителниот акт пишува дека Ива се движела со пречекорена брзина и навлегла околу 70 сантиметри во спротивната лента, каде што се движел автомобил што го обиколувал полициско возило кое вршело контрола.
Бугарските власти се вмешаа во случајот и бараат на Ива да ѝ се овозможи да ја напушти Македонија и дојде во Бугарија на лекување. Апелацискиот суд од Штип неодамна ја одби жалбата и смета дека со оглед на тоа дека сторила сообраќајка со смртни последици, не може да ѝ биде дозволено да ја напушти државата додека трае судењето.
Прочитајте и за оваа тема:
Софиското Јавно обвинителство поведе предистрага за закани против Пендиков
Вчера беше новото рочиште на кое присуствуваа шестмина бугарски пратеници и повеќе бугарски новинарски екипи. Македонските медиуми Ива Михаилова ја нарекоа „новата Спаска Митрова“, по случајот во кој бугарската власт се заложи и го афирмираше случајот на гевгеличанката која пројави бугарска самосвест и практично се вмеша во македонскиот правосуден систем. Идентично беше и со охриѓанецот Кристијан Пендиков.
