Најавениот инвеститор во ФК Брегалница, Саломон води клуб на раб на банкрот – според германските медиуми

Франк Саломон, генерален и спортски директор и тренер на ФК Феникс Либек  (VfB Lübeck), кој неформално е најавен како нов инвеститор во новиот прволигаш ФК Брегалница од Штип, предводи клуб во Германија, кој во изминатите 18 месеци двапати избегнал банкрот според германските медиуми. Веќе со недели се најавува дека во Штип треба да пристигне новиот инвеститор, кој ќе го одржи првиот состанок со тимот на Брегалница.  Како подготовка за неговото инвестирање, Советот на општина Штип веќе донесе одлука за продажба на 51 отсто од акциите на Брегалница на берзата.

Според пишувањето на Хлспортс, ФК Феникс Либек се соочува со сериозни финансиски проблеми и организациски кризи, а решението го нашле со  формирање на посебна компанија, каде клубот е единствен акционер . Клубот е формално сопственост на членовите, управуван од Управен и Надзорен одбор. Со формирањето на компанијата, стадионот „Ломмуле“ останува сопственост на клубот, додека новата компанија ќе управува со натпреварите, маркетингот и продажбата.

Поради финансиските проблеми, Даночната управа, претходно се заканила со одземање на статусот на непрофитна организација, додека еден од членовите на Надзорниот одсбор, Пол Мантеј се нашол во центар на скандал, поради тоа што паралелно водел сопствена агенција за играчи, без знаење на клубот, што дополнително ја нарушил довербата во клубот.

Онлајн изданието kicker.ge пишува дека експертска комисија назначена од клубот по ревизијата открила „хронично, систематско недоволно финансирање“, со недостиг од 400.000 евра во март 2025 година. Во текстот се нагласува дека во декември 2024 година клубот избегнал трета инсолвентност со собирање околу 1 милион евра преку донации и спонзори. Веќе во март 2025година се соочил со нов дефицит од 400.000 евра, покриен со приходи од сезоната 2025/26 (претпродажба на билети и членарини) . Во март 2026 година има недостиг од 40.000–100.000 евра за плати и трошоци, решен со итни спонзорски уплати и приходи од натпревари.  Буџетот за играчи е определен на 550.000 евра за целата екипа, што се оценува дека е недоволно за буџетите во Регионалната лига, каде натпреварува лигата.

„Недостатокот од март оваа година оттогаш е покриен, но само со приходи (сезонски билети итн.) од претстојната сезона. Овие пари сега му недостасуваат на Себастијан Хармс (46) додека гради нов тим. Со 14 играчи кои моментално имаат професионални договори, финансиската слобода на клубот е 550.000 евра и е речиси исцрпена. Според спортскиот директор, ова го става буџетот на стадионот Ломмиле „во долниот квартал“ во споредба со неговите конкуренти во лигата“, пишува kicker.de.

Франк  Саломон има долгогодишна кариера во германскиот регионален фудбал. Во ФК Феникс Либек е од 2019 година, како дел од управата, а со заминувањето на тренерот, во април годинава ја презеде и тренерската работа.

Независно од пишувањата на германските медиуми, инвестицијата во штипска Брегалница, може да нема врска со Феникс Либек и да е лична инвестиција на Саломон. Во петокот беше потврдено дека претставници на Саломон биле во општината на состанок, но детали не беа соопштени.

Драфт договорот понуден од општината Штип, како сопственик на Брегалница предвидува доколку клубот е во Првата фудбалска лига инвеститорот како мнозински акционер да вложи 30 милиони денари, а доколку е во Втората фудбалска лига – 15 милиони денари. Трошоци за одржување на средната површина, електричната енергија и и другите комунални расходи коишто ќе се појават на Градскиот стадион и на другите стадиони ќе останат на товар од општината. 

Брегалница својот прв натпревар во игра веќе идната недела, со многу отворени прашања. Остануваат 12 дена до почетокот на првенството за средување на овие крупни прашања.

Фото: ФБ VfB Lübeck – Франк Саломон

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ