Нема „економска ефикасност“ во крадењето на слободното време на работникот – тоа е стара експлоатација со нов речник, реагираат од Левица

На олигархијата веќе не ѝ се доволни најмизерните плати во Европа, евтината работна сила и државата која со години ги субвенционира профитите на крупниот капитал – сега ѝ пречат и неработните денови, се наведува во соопштението од ПП Левица, што ви го пренесуваме во целост.

-Предлогот на Стопанската комора е уште еден обид работничкото право да се претстави како трошок, а животот на човекот да се пресметува исклучиво низ часови производство и профит!

Ваквите желби на капиталот се особено опасни затоа што паѓаат на плодна почва кај ДПМНЕ – партија финансирана од олигархијата која зад секоја приказна за „подобра бизнис-клима“ гледа можност да му удоволи на крупниот капитал.

Ако на олигархијата сега ѝ пречат празниците, утре ќе ѝ пречи викендот, задутре осумчасовното работно време.

Левица ова нема да го дозволи!

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ