Дамјан веќенеколку години е во брак со кичевчанката Елена
Војдан, Јана и сега најмалото Ева се трите дечиња на Дамјан и Елена
Популарниот фоолк пејач Дамјан Стојановски по трет пат стана татко. Тој вчера доби ќерка, која ќе го носи името Ева.
Дамјан среќната вест ја сподели на Фејсбук, каде напиша:
-Денес, на роденденот на мојата Елена и на мојот именден, ни се роди нашата трета радост Ева, соопшти Дамја.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Неговата мајка Евица Камберова Стојановска, пак е среќна што по трт пат станала баба.
-Денес, семејството ми се збогати за уште еден член. На свет ни дојде Ева, моето трето внуче. Војдан и Јана си добија сестричка. Ви благодарам мои Елена и Дамјан. Денешниот датум ќе ни биде со троен повод за славење, роденден на Ева, роденден на снаа ми Елена и именден на Дамјан. Убав ден- „Св. Дамјан и Кузман„. Ти благодарам Господе, се заблагодари Евица.
Дамјан веќенеколку години е во брак со кичевчанката Елена. Имаат три дечиња, Војдан, Јана и сега најмалото Ева.
В.М.






