(Видео) „Од Божји нишан не се бега, збогум стар пријателе“ – Владо Јаневски погребан со неговите песни

„Од Божји нишан не се бега, збогум, стар пријателе. Некој асфалт – кај и да е и таму ќе ме однесе..“, велеше Владо Јаневски во неговата песна „Булки“.

Како во песната, така беше и денес на неговото последно патување. Додека неговото тело лежеше во капела, а неговите блиски со цвеќе дојдоа да го испратат и да му запалат свеќа, свиреа неговите песни.

И на погребот немаше многу луѓе, како всушност и во неговиот живот, освен најблиските роднини и пријатели и многу колеги пејачи и музичари.

Достоинствено испраќање на човекот кој ги напиша најубавите љубовни стихови.

И за крај, како што пее тој, дека од Божји нишан не се бега…. Барем остави опус по кој ќе го паметиме и ќе биде незаборавен…

БУЛКИ

Од Божји нишан не се бега
збогум, стар пријателе
Некој асфалт – кај и да е
и таму ќе ме однесе

Едни нема да трепнат
на други може ќе им биде жал
Трети лажно ке се фалат
дека песни сум им пишувал

А ти ќе речеш: „Добар беше…
добро беше, многу ме сакаше…“
И ке згрешиш- фала Богу
тебе те сакав најмногу

И ќе измислат за да те боли
се што за мене не си слушнала
Но, ти ќе знаеш: по човек песот лае
само кога не го познава

А над мене ќе никнат булки
црвена ко мојта крв
Кога те запшав во срце
душата ми беше сведок прв

На пола пат преку планета
таа ноќ ќе полета
една мала сина птица да те најде
и на дланки твои да заспие

А ти ќе речеш: „Добар беше…
добро беше, многу ме сакаше…“
И ќе згрешиш- фала Богу
тебе те сакав најмногу

А над мене ќе никнат булки
црвена ко мојта крв
Кога те запишав во срце
душата ми беше сведок прв

Тогаш речи: „Добар беше…“

В.М.

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ