(Видео) Од Жеден или од Китка? Скопје труе на џад!

Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје, доаѓа од пожарот што се одвива на планината Жеден некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла кон скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов преку видео-порака.

Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари, во гаснење на пожарот се вклучени и колеги од Тетово.

– Очекувам во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз овој пожар, тежок за гасење – додаде Ангелов во изјавата.

Од ЦУК претходно изјавија дека зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е од ветерот што го носи чадот од пожарот што гори на Китка во општините Студеничани и Зелениково, а на кој денеска дејствувал хеликоптер на МВР – информираа од ЦУК. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ