- Можно замрзнување на преговорите
- Откажана посета и критики за величање воен злосторник
- Преиспитување на стратешката ориентација – Европската комисија планира да ја испита вистинската посветеност на Србија кон европскиот пат
ЕУ комесарката за проширување, Марта Кос, сугерира дека одлуката за замрзнување на процесот на пристапување на Србија во ЕУ би можела да се донесе на состанокот на Европскиот совет во октомври.
„Треба да испитаме до кој степен Србија сè уште е сериозна во врска со својот европски пат“, вели Кос.
Слушајте радио во живо:
Таа нагласува дека не само политичарите, туку и многу српски граѓани го величат осудениот воен злосторник Ратко Младиќ – нешто што е некомпатибилно со патот кон членство во ЕУ.
„Како може некој да оддаде почит на некој што е осуден како воен злосторник? Ако во оваа ситуација патувам во Белград, каде што толку многу луѓе – и овде не зборувам само за политичарите – слават воен злосторник, никогаш повеќе не би можела да ги погледнам мајките од Сребреница во очи. (…) Односот и одговорноста на политичките лидери е да ги зацелуваат раните од минатото, наместо постојано да ставаат сол на нив“, рече Кос во интервју за герамснкиот медиум Франфуртер алгемајне цајтунг.
На прашањето дали Србија е сè уште соодветен кандидат за членство, Кос одговара дека по настаните од изминатите неколку дена во Србија, треба да седнат сите заедно и да го разјаснат ова многу важно прашање.
Прочитајте и за ова:
Кос: Новите членки на ЕУ без право на вето во клучните области 15 години по приемот
-Ова исто така се однесува на владеењето на правото и стратешката ориентација на земјата. Треба да испитаме до кој степен Србија е сè уште сериозна во врска со својот европски пат. (…) Прво, за ова ќе разговарам со претседателката на Комисијата. Нашата проценка за подготвеноста на Србија за пристапување на крајот на септември потоа би можела да обезбеди многу добра основа за дискусија во Европскиот совет во октомври, вели Кос.
Еврокомесарката одлучи да ја откаже посетата на Србија по државно – воениот погреб на Младиќ во Белград.
Група од 23 европратеници од четири главни политички семејства (EPP, S&D, Renew и Зелените) веќе упатија официјално писмо до еврокомесарката за проширување, Марта Кос, барајќи формална суспензија на преговорите. Покрај тоа, поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор јавно ја повика Европската комисија итно да ги прекине преговорите поради „антицивилизациското однесување и државните почести“ изразени во Белград при погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.







