- Во живо се следат барања за оставки, оставки, апсења и промени
- Овие интернет страни се новоформирани или постоечките неколку се ажурираат посотјано со нови вести со цел да остане трага
Ден по Вонредните парламентарни избори, стана активна веб-страницата raspadsistema.com за граѓаните да можат да бидат информирани за оставки, барања за оставки, апсења и кривични пријави против јавни службеници и раководители. Од 26 октомври до денес се објавени 55 објави.
Сајтот објавува линк со вести, и при тоа го наведува изворот на веста со ознака дали веста е официјална, потврдена или непотврдена. Не постојат конкретни информации или потпис што би укажале на тоа кој директно го креирал или програмирал сајтот.
Слушајте радио во живо
Тоа е платформа – агрегатор и хроника на официјални, потврдени информации од медиуми и институции, додека во горниот десен дел е понудена само опција за следење на канал на „Телеграм“. Веб-страницата се ажурира речиси на секои половина час.
Граѓаните на социјалните мрежи повикуваат на споделување и ширење на гласот за постоењето на сајтот. Се додаваат и уште неколку други сајтови каде може да се провери имотната состојба и промената на функционерите, специјализирани сајтови за пријава на злоупотреба и слични објави кои информираат тековно за промените кои се случуваат, но и со цел да остане евидентирано како нешто што се случило.
Прочитајте на темата:
Вучиќ негираше дека планирал насилство, но се откажал откако добил повик од странство
Меѓу овие сајтови се javni-trag.vercel.app, каде пишува дека се објавуваат содржини кои имаат проверлив извор, секој потврден запис има линк. Се претпочитаат оригинални изјави и директни потврди, и имаат прецизен статус со датум на настанот.
На сајтот afere.info/pracenje/ исто така со постојано ажурирање се дава преглед на скандалите и контроверзните случаи во Србија. Информациите содржат контекст, извори и реакции на јавноста.
Има и архива на сите вакви случаи. На граѓаните им се предлага да ги следат и сајтовите svedok.online и dosije.eu .
Засега, секој поединечен случај се следи во детали, со многу информации.







