Вечерва по кусо боледување на една од скопските клиники на 66 години од најлошата болест почина еден од напознатите македонски пејачи Владо Јаневски.
Владо е роден во ноемри 1960 година во Скопје. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ и други.
Пред да започне соло кариера Владо бил дел од повеќе бендови како „ Тост сендвич“, „ Бон Тон “, „Фотомодел“, а на јавноста и стана познат кога стана член на популарната група во 90-тите „Ластовица“. Бил дел одд многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, во 1998 година.
Има учествувано и на Југовизија, неколку пати ревијално настапи на фестивалот „Славјански базар“ во Белорусија, настапувал и во Ирска, Турција, Египет и други фестивали ндвор од границите на државата.
Јаневски имаше закажан концерт во август во Охрид, но подоцна беше откажан. Тој во март беше гостин на хрватската пејачка Весна Писаревиќ во Филхармонија.
Во младоста живееше во странство, но потоа одлучи да се врати во Македонија да ја продолжи кариерата. Дека неговото здравје е влошно се зборуваше пред неколку години, но Владо не ги потврди или демнтира муабетите. Пред неколку години и реши да го напушти Скопје и се пресели да живее во Гевгелија.

