Петар, ангелу наш мил, ќе те сакаме додека дишеме, напиша сопругата на Маријан пред 40 дена на синчето

Фото: Фејсбук

Најголемата трагедија за еден родител е кога ќе го загуби своето чедо. Токму тоа се случи на пејачот Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа, кои пред повеќе од еден месец го загубија синчето Петар(5).

Тагата во нивниот дом со секој нов ден е се поголема и поголема. Тоа и Наташа, скршена од болка, го напиша на Фејсбук.

Прочитајте исто така: „Ми изгоре душата“ – Денес ќе биде погребано синчето на пејачот Марјан Стојаноски

-Петар, ангелу наш мил, се ближат 40 дена откако ти се пресели на едно подобро место, а нас ни го остави најтешкиот товар – да учиме да живееме без тебе. Велат дека времето лекува сè, но овие 40 дена ни покажаа дека болката и празнината само стануваат подлабоки. Ти беше и засекогаш ќе останеш нашата најголема гордост и светлина. Иако физички веќе не си со нас, твојот спомен го чуваме во секој агол од нашиот дом, во секоја молитва и во секоја солза. Нека твојата чиста душа најде вечен мир и спокој. Те сакаме бесконечно и ќе те сакаме додека дишеме, напиша Наташа.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Трагичната вест за смртта на малиот Петар сите ги потресе, а најмногу семејството,кое не може да се соземе од болка.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ