Групата „Тост сендвич“ своевремено беше популарна група, а во неа членуваа Владо Јаневски, Томе- Кубата, Агим Јонуз, Роберт Саздов и Петар Атанасов. Групата подоцна се распадна и секој си го фати својот пат.
Но, оваа група последнив период е актуелна, бидејќи за само неколку месеци починаа тројца тогашни членови.
Минатата година во октомври почина Томе -Кубата од Битола, кој е првиот пејач на групата. Тој почина по долго и тешко боледување. Повозрасната публика го памети од времето на 80-ите години кога беше вокал на групата „Тост сендвич“ која го негуваше фанки и диско звукот.
Член беше и познатиот политички аналитичар Агим Јонуз кој свиреше на перкусии и ги пишуваше текстовите. Тој исто така по кусо боледување почина во октомври минатата година.
Владо Јаневски тогаш не пееше туку беше тапанар во групата. Владо почина вчера.
Во „Тост сендвич“ дел беше и Роберт Саздов идеен творец, композитор и гитара, а бас гитарист беше Петар Атанасов, поранешен заменик-министер за образование и наука во Владата на Република Македонија од редовите на СДСМ, кој подоцна се откажа од политиката и денес е универзитетски професор.

