На лице место починал 65-годишен велосипедист од Кочани, откако се судрил со возило. Настанот се вчера попладне околу 15:30 часот, на локалниот пат Кочани – Брана Гратче. Се работи за планински пат, кој води до браната и често се користи од страна на рекреативците и граѓаните.
МВР соопшти дека во ОВР Кочани е пријавена несреќата што се случила помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција, соопшти МВР.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.






