„Популистички партии во Европа користат реториката на страв и неизвесност, но паѓаат на првиот тест“ – интервју со професорот Малиќевиќиус

На прашањето за тоа каква блиската перспектива на Европската Унија и Европа и особено за регионот на Западен Балкан при забележан раст на влијанието на десничарските движења и владеењето на популистичките партии, професор Малиќевиќиус смета колку и да се гласни овие движења, сепак демократијата опстојува.
На прашањето за тоа каква блиската перспектива на Европската Унија и Европа и особено за регионот на Западен Балкан при забележан раста на влијанието на десничарските движеања и влеењето на популистичките партии, професор Малиќевиќиус смета колку и да се гласни овие движења, сепак демократијата опстојува.
„Популистички партии во Европа користат реториката на страв и неизвесност, но паѓаат на првиот тест на моќ’ – интервју со професорот Малиќевиќиус

Малиукевичиус е вонреден професор на Институтот за меѓународни односи и политички науки при Универзитетот во Вилнус и водечки литвански експерт за стратешка комуникација и руски информации во време на криза. 

На прашањето за тоа каква блиската перспектива на Европската Унија и Европа и особено за регионот на Западен Балкан при забележан раст на влијанието на десничарските движења и владеењето на популистичките партии, професор Малиќевиќиус смета колку и да се гласни овие движења, сепак демократијата опстојува.

-Ова е нов тредн во цела Европа со популистички партии кои ја користат реториката на страв, реториката на неизвесност, и така заземаат позиции. Но, јас обично велам, најдобар тест за оние нови власти е тестот на моќ. Кога тие влегуваат во системот, во многу случаи не го поминуваат тој тест.Најважната работа е што процесите на демократските избори и слободата на медиумите, слободното судство ќе опстојат без разлика колку гласни се тие популистички партии, вели Малиќевиќиус.

Литванија останува гласен поддржувач на проширувањето

Литванија, како земја членка на ЕУ, од јануари го презема претсдателството со Унијата. Професорот е дециден дека неговата земја е поддржувач на проширувањето.

 -Литванија секогаш беше гласен поддржувач на проширувањето на ЕУ и ќе направиме сè што е можно за да го направиме ова приоритет, одговори проф. Малиќевиќиус.

Во однос на билатералните прашања, конкретно отворените прашања на Македонија со Бугарија, како пречка за македонските евроинтеграции, професорот дава конкретен пример на решавање, по примерот на спорот што Полска го имала со Литванија.

Отворените спорови не се ништо ново

-Би ви дал пример за тензичните релации што Литванија и Полска ги имаа во 90-тите, каде што имаше тенденција да се шпекулира за наследството и историјата на Вилнус. Можеби знаете дека Полска меѓу двете Светски војни го окупираше регионот на Вилнус и прашањето беше политички манипулирано. За жал, еден од главните играчи беше, не е за изненадување, руски Кремљ, кој се обиде да се вмеша во ова. Иако сфаќам дека природно постојат тензии меѓу земјите, спорови и така натаму, најважниот дел е дека ние во Литванија и Полска го решивме тоа – интелектуалците и политичарите со широки сфаќања, кои се сретнаа, разговараа за ова прашање и некако се обидоа да се помират, поради иднината на двете земји. Ова е начинот со кој успеавме да ги решиме литванско-полските тензии во 90-тите. Беше тензична работа од интелектуалците, политичарите и на крај дури и ветераните од минатите војни си подадоа рака и продолживме кон европска интеграција, кажа професорот Малиќевиќиус.

Со професорот зборувавме и за односот и позицијата на народите од Балтичките земји кон војната во Украина, напливот на дезинформации, што е негова специјалност, нивното влијание и странското мешање, како и улогата на Русија, вклучително и во нашиот регион на Западен Балкан.

Целото интервју погледнете го во видеото во прилог.

Новинар:Весна Коловска

Фото и видео: Кире Андонов

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ