Поскапување на дизелот за 5,5 денари за литар – растат и цените на бензинот

Значаен раст од 5,5 денари за литар дизел од ноќеска на полноќ со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 88,00 ден/литар. Со новата цена дизелот и бинзинот се изедначува.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од
06.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит,
додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за
4,50 ден/литар и изнесува 86,00 денари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ