Регулаторна комисија за енергетика понеделнички ги објави новите цени на горивата. Новата цена стапува на сила одножеска на полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,726 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар); моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар); дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 98,50 (денари/литар); масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 48,099 (денари/килограм)“ соопшти РКЕ.




