Од утрово се вршат претреси на повеќе локции за изнуда, перење пари и несовесно работење во служба.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“, информираат од ОЈО.
По целосно завршување на акцијата ќе им повеќе детали.








