Претрес на обвинителот од Битола кој му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски

Фото: Битола њуз

Се вршат претреси во домот и канцеларијата на виш јавен обвинител во Битола, информираат од ОЈО.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Претресите врз основа на обезбедените наредби ги вршат припадници на Министерството за внатрешни работи, информираат од ОЈО и најавуваат повеќе детали по завршување на дејствијата, односно во текот на утрешниот ден.

Според информациите од медиумите станува збор за обвинителот, кој му го врати пасошот на Борче Марковски и дека тој е уапсен.

На Марковски и на уште неколку лица им се суди за злоупотреби поврзани со јавна набавка во РЕК „Битола“, кој тежи над 1,7 милиони евра.

Вишото јавно обвинителство во Битола му го врати одземениот пасош на Марковски, по што тој ја напушти државата. Тој заминал за Србија на 29 јули 2026 година преку граничниот премин „Табановце“, откако Основниот суд во Струга му ја вратил патната исправа (пасошот) поради приложена имотна гаранција во вредност од над 5 милиони евра. По краткиот престој во Србија, Марковски потоа во август се врати во земјата Судијата кој му го врати пасошот, потоа беше пензиониран.

На Вишиот јавен обвинител од ВЈО Битола, Пецо Везироски, партијата Левица и пратеничката Јована Мојсоска поднесоа претставка до Советот на јавни обвинители. Во претставката наведуваат дека обвинителот не постапувал во предметот за дивоградбата во Струга. Од Левица тврдат дека тој не го санкционирал постапувањето на пониското струшко обвинителство, туку застанал во негова одбрана.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ