Приведените од „Комуналец“ се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка

Фото: СВР Тетово

По вчерашното приведување на директорката на гостиварски „Комуналец“ и нејзините двајца соработници, се очекува за нешто повеќе од еден час да бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар. Ова за Канал 77 го потврди портпаролката на Судот, судијката Драгослава Веселинова.

Последната информација од Обвинителството е таа од вчера, дека осомничените се лишени од слобода, по што се очекува денеска „јавен обвинител да одлучи дали и какви мерки за нивно обезбедување ќе предложи на судот“. Тројцата беа приведени вчера рано попладне. Анализите на водата од гостиварскиот водовод потврдија 50 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното.

За денеска напладне во Гостивар е закажан брифинг за новинарите. Се очекува присуство на обвинители од Основното јавно обвинителство – Гостивар, со присуство на републичкиот обвинител Ненад Савески, кој е роден гостиварчанец.

За тројцата приведени од ЈП „Комуналец“, Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење.

Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и  раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие, со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општина Гостивар и дел од околните села.

Тие на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ