Привремено е одложена вакцинацијата со бугарските вакцини за бесеже – ќе се набавува од Јапонија

Министерот објасни и зошто годинава се задоцни со набавката на вакцината за грип. Според него, доцнеше и објавата на СЗО за тоа за кои соевите на вируси ќе се вакцинира. Клековски ја соопшти и динамиката за вакцинирање.
Фото: Фрипик
  • Комисијата за имунизација во рамките на Министерството за здравство одлучи привремено да ја стопира употребата на истата вакцина која се употребува кај нас

Откако во Хрватска беше објавено дека има несакани реакции од бугарската вакцината бесеже кај бебињата, Комисијата за имунизација во рамките на Министерството за здравство одлучи привремено да ја стопира употребата на истата вакцина која се употребува кај нас. Ова го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, која најави нова, интервентна набавка од овие вакцини.

Слушај радио во живо

„Во тек сме на набавка на вакцини од Јапонија. Тие ќе ги организираме час поскоро, ги има во депо, ќе организираме час поскоро да бидат транспортирани во Македонија за да обезбедиме континуитет на вакцинацијата со оваа вакцина кај новородените деца. Кај нас се практикува таа вакцинација да се прави при исписот од одделението, меѓутоа вообичаено тоа може да се направи и подоцна, така да нема да има несакани ефекти од одложување на вакцинацијата за БСЖ, изјави Клековски.

Повеќе на темата:

Запрено вкцинирњето на новороденчињата од БСЖ, и кај нас се користела бугарската вакцина

Министерот објасни и зошто годинава се задоцни со набавката на вакцината за грип. Според него, доцнеше и објавата на СЗО за тоа за кои соевите на вируси ќе се вакцинира. Клековски ја соопшти и динамиката за вакцинирање.

-Она што направивме е вонредни напори да обезбедиме преку соработка со одредени земји и директна комуникација со еден од европските производители да обезбедиме дека од октомври и ноември ќе имаме обезбедено 56.000 вакцини за сезонски грип од планираните 80.000 вакцини, рече Клековски.

Уште на темата:

Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов, велат од МЗ

Министерот најави дека се очекува вакцините да започнат да пристигнуваат за десетина дена од сега, а тие 56.000 да бидат достапни најдоцна до 15-ти ноември.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ