Пукна цевка и ги поплави институциите во поранешна „Нова Македонија“

Фото: МИА

 Дел од зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“, во која се сместени повеќе државни институции, е поплавена поради пукната топловодна цевка.

Од безбедносни причини исклучена е и струјата во објектот поради што не работат лифтовите, компјутерските системи и серверите.

Засега нема прецизни информации што сè е поплавено и колкава е материјалната штета.

Ангажирани се технички екипи, кои работат на отстранување на последиците од поплавата, испумпување на водата и санација на дефектот.

Хаваријата се случила околу полноќ по што веднаш реагирало обезбедувањето од МВР. 

Според првичните процени, постои можност објектот да остане без електрична енергија и во наредните денови, во зависност од степенот на оштетувањата и времето потребно за безбедно повторно активирање на електричната мрежа.

Во објектот се сместени повеќе институции, меѓу кои Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Државната изборна комисија, делови од Министерството за економија и труд, како и други агенции и управи.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ