„ Семка по семка садиме во леите, корен по корен садиме во нивите“ – Што кажаа земјоделците изиграни од откупувачите

Фото: Фејсбук

Поради ниската откупна цен на црвената пиперка „ајварка“, која се откупува за само 25 денари, денес земјоделците во Струмица одржаа протест.

Како што кажаа на протестот проблемот е во „една шака“ откупувачи кои си играат со нив, а со оглед на тоа што цената на оваа пиперка на пазарите и маркетите е неколку пати поголема, си играат и со нас.

-Не се откажуваме од нашето право. Ги повикувам сите земјоделци, заедно сме посилни. Штетата од невремето е помала од штетата што ни ја прават откупувачите. Уште некоја година па магазините ќе останат празни, нивите ќе ни опустошат. Ако ни се случува ова самите сме виновни. Со години само меѓусебно зборуваме за своето незадоволство. Сега е време и тоа да се смени. Го барме тоа што ни припаѓа. Работиме цела година, семка по семка садиме во леите, корен по корен садиме во нивите. Процесот е макотрпен, но сето тоа го правиме со љубов. Се до берба. Тука почнува маката и нервозата. Да бидеме сложни да не им дозволиме на откупувачите да не изиграат. Тие се малку, а ние сме многу. Производите се наши и ако треба дел ќе го фрлиме. Но, да не отстапиме од нашите барања. И фабриките имаат капацитет да го преработат целиот пипер, но и тие се дел од оваа измама. Ако треба ќе ги блокираме и влезовите на фабриките, се што е потребно, рече на протестот земјоделка.

Друг, пак, рече:

-Срамно, 25 денари килограм пиперка, а тоа не може да ја покрие ни производната цена, а не да остане некој денар маката да си ја покриеме. Ден за ден се потешко. Било која култура да ја насадиме само сме во минус. Не можеме домашните трошкови да ги покриеме, а не да заработиме. Срамно е ова, да молиме, просиме, да клечиме. Нас партии не не интересираат, ние сме земјоделци кои леб јдеме од нивите. Политичарите нек му мислат кога ќе дојдат избори,, беше речено на протестот.

Ова е само дел од се она што беше кажано на протестот во Струмица, каде бројот на нивите кои се обработуваат секоја годин е се помала и помала.

Земјоделците излегоа со трактори, механизација и со своите деца и бараат реални и достоинствени откупни цени за пиперката „ајварка“.

Тие порачаа дека целите семејства работат на нивите и дека нема да се откажат од барањето за фер откуп. Протестите ќе продолжат сѐ додека не се најде прифатливо решение за производителите.

Земјодлците на протестот ги повикаа и останатите земјоделци кои ја живеат истата мака, но поради политички причини не излегле на протест туку, како што рекоа- се кријат дома.

Изјвите на земјоделците погледнете ги во видеата:

https://www.facebook.com/watch/?v=1533587905181601
https://www.facebook.com/61571095798644/videos/1355573856783635
©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ