СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 10:00 ДО 14:00 часот
Кога денот ви треба музичко освежување – Јелена е тука!
Слушајте од 10 до 14 часот, секој работен ден – добра музика, добро расположение и добра енергија на Канал 77.
Замислете девојче од 5 – 6 години, со молив во рака (замислен микрофон) како стои зад врата и ѝ се обраќа на својата имагинарна публика. Тоа сум јас. Уметноста на зборувањето преку кое можеш да едуцираш, мотивираш и забавуваш некој отсекогаш ми била привлечна. Магијата да можеш да се поврзеш со луѓето без да мораш да ги гледаш е навистина нешто посебно, а тоа го може радиото – мојата пасија и прва љубов. Па ајде да се поврземе преку етерот! Се слушаме во работните денови од 10ч до 14ч.