Премиерот Еди Рама, на состанок со полицајците, изјави дека ќе има 2.500 евра за секој полицаец кој ќе учествува на овој одбранбениот фронт на актуелните протести.
При тоа, како што рече Рама, износот ќе биде линеарен за сите полицајци за да не се прави никаква разлика. Протестите, според него, не се причина за овој потег, туку фактот дека „до сега нивната плата не била доволно зголемена“.
„Тоа не е нешто што го кажувам денес, како резултат на она што се случува. Седиме тука неколку недели, додека го подготвуваат новиот буџет, министерот јавно кажа дека значително ќе ви ја зголемиме платата. Затоа што на почетокот, кога дојдовме на власт, ја затекнавме полицијата предадена и напуштена, а некои тука туркаа автомобили затоа што им снемуваше гориво на патот. Направивме значително зголемување на платата тогаш, за да им кажеме на полицајците дека вие сте темелот на државата. Но, со текот на годините, факт е, дека не ви ја зголемивме доволно платата. Разговаравме пред неколку недели. Значи, со новиот буџет од јануари, вашата плата ќе биде значително зголемена, рече Рама, пренесува top-channel.tv.
Сепак, тој го нагласи соочувањето на полицијата со демонстрантите.
-За целиот отпор, жртва, храброст и пред сè за достоинството со кое се соочувате не само со овие, туку и со оние кои ја масакрираат полицијата на екраните, барајќи полицијата да се предаде, веднаш ќе ви ставиме на располагање износ од 2500 евра за секој полицаец кој е на овој фронт, бидејќи имате не само стрес, туку и потреба да трошите во овој момент на дополнителни работи. И решивме да го сториме тоа без да правиме никаква разлика“, соопшти Рама.
Владата на Рама се соочува со најжестоките и најкрвави протести во својата понова историја, откако студентите и останатите млади веќе втора недела секојдневно протестираат.





