Вестите на Канал 77 и Македонски Медиа Сервис на програмите на локалните станици – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Вестите на Канал 77 и Македонски Медиа Сервис на програмите на локалните станици

Потпишани се договори за соработка, преку кои информативниот сервис, кој веќе 30 години кај публиката ужива најголема доверба на проверени и професионални информации, ќе добие поширока слушаност преку локалните радио станици.

Радио Кисс од Тетово е првата од четирите нови локални радио станица, кои почнуваат со преземање на информативниот сервис на Канал 77 Македонскиот медиа сервис (ММС). Информативниот сервис на Канал 77 и Македонски Медиа Сервис премиерно ќе се емитува на национално ниво на Канал 77, а потоа одложено на локалните радио станици

Соработката е со радио станици, кои според актуелните мерења, локално котираат највисоко кај својата публика.
Со новите соработки, продолжува успешниот проект што Канал 77 го започна со Радиото С од Свети Николе, кое со своето ребрендирање, стана придружна станица на националното радио. Вестите на Канал 77, исто така се емитуваат одложено, по премиерното емитување на национално ниво.

Канал 77 продолжува со нови проекти, со кои водат кон јакнење на својот имиџ и бренд на медиум со квалитетен и професионален информативен сервис во функција на подобра информираност на граѓаните.

Вестите на Канал 77 и Македонски Медиа Сервис ги реемитуваат следниве станици
• Радио Кисс Тетово
• Радио С Свети Николе.



Во етер
Наслов
Изведувач

Background