(Видео) Роналдо и Георгина се венчаа

Фото: Инстаграм

Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез.

Четириесет и едногодишниот Португалец објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат неговите и рацете на Родригез, на кои се венчални прстени.

Роналдо и Родригез се во врска од 2016 година. Двојката има две ќерки заедно, Алана Мартина и Бела Есмералда. Тие ги одгледуваат и трите деца на Роналдо: Кристијано Џуниор, Ева и Матео.

Португалските медиумите објавија дека Роналдо и Родригез се венчале на приватна церемонија во татковината. Свадбата била интимна, со присуство само на најблиските членови на семејството и пријателите.

Роналдо и Георгина се заедно девет години.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ