Само тројца луѓе во светот може да патуваат без пасош каде сакаат

Јапонскиот цар Нарухито, царицата Масако и Британскиот крал Чарлс трети се единствените луѓе на кои не им е потребен пасош за патување во друга држава. Наместо пасош, кралот добива посебен документ, барање до надлежните власти на странските земји да му овозможи непречено минување, како и да добие обезбедување и помош, привилегија достапна само за него. 

Посебен статус имаат и јапонскиот цар Нарухито и царицата Масако, уредба донесена од јапонската Влада уште во 1971 година, со образложение дека би било несоодветно да ја имаат истата процедура како и останатите патници, па наместо пасоши поседуваат соодветен документ издаден од Министерството за надворешни работи на Јапонија. Исклучокот важи само за нив, додека пак другите членови мора да користат обични пасоши. 

Од тоа правило е исклучен дури и папата кој мора да користи вообичаена патна исправа издадена од државата Ватикан или од земјата на која е државјанин.МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ