СДСМ: Наркодилерот Цуната е пуштен да избега, бараме одговорност од Тошковски

Наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега, велат преку соопштение од СДСМ, кое Канал 77 го пренесува интегрално:

Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати.

Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар.

Затоа Панче Тошковски не се менува, за да ги штити криминалците на власта.

Ова не е обичен пропуст туку сериозен безбедносен скандал што отвора сомнежи за сериозни злоупотреби и ја потврдува спрегата на ВМРО со криминални структури.

СДСМ бара одговорност и оставка од Тошковски па до сите инволвирани во овој скандал.

Истиот Тошковски во чиј мандат поминаа пет тони дрога преку македонската граница без одговорност. Истиот Тошковски кој ветуваше „брат да ми е, ќе одговара”, а денес наркодилери бегаат од полициски станици и намерно се пуштаат преку граница за никој од власта да не одговара.

Панче – оставка!“ – велат од СДСМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ