Уапсен е маж од гостиварско, ја полил жена му со врело кафе.
-На 15.09.2026 во 23:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.К.(52) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом, по кратка расправија, истурил врело кафе врз неа, при што таа се здобила со изгореници. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.






