Во моментов работиме со 34 ризични подрачја од кои 13 се високоризични
Почна контрола на птиците и има прва птица гавран со западнонилска треска
Заразена е првата птица-гавран заразена со западнонилска треска, рече министерот Клековски на денешната прес конференција посветена на состојбата со западнонилска треска.. На прес конференцијата ба присутни и граоначалниците од скопските општини во кои има, но и нема жаришта.
-Имаме 43 случаи на западнонилска треска. Имаме 40 потврдени, три случаи со еден тест. Имаме први случаи во општините Центар и Чаир. Почна контрола на птиците и има прва птица гавран со западнонилска треска. Мртвите птици се собираат од АХВ, кои помагаат да се прави понатамошно лоцирање. Како надогрдба на претходните активности е лоцирање на високоризични зони за вирусот. Комарците не познаваат општински граници и затоа ги поканив сите градончалници. Во моментов работиме со 34 ризични подрачја од кои 13 се високоризични. Критериуми за ризичност се зостоеност на водата и високо ниво на органска материја. Реките не се ризик, водата е проточна. Ризично е ако водата е застоена и има отпад во неа. Гнерално тоа се каналите во Скопско Поле, ископи од песок наполнети со вода, мртви делови од реките. Серава, каналите Јурумлери, Стајковци и Гази Баба, канлите во рачево, Батинци и Студеничани. Висок ризик се септичките јами, гробишта, заради застоената вода во вазните и органските материјали во нив и отпад за стари гуми. Прскање трева ако се остави воата да апсорбира се ризик, скршените јавни чешми исто така. Езерото Тска, доколку има застоена вода, а тоа ќ го провери општината, рече министерот Клековски .
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Министерот го објасни и прскањето против комарци, за кое реагираат граѓаните.
-Сите средства се безбедни за луѓе. Не се корстат небезбедни средства. Заради реакција на граѓаните често прскањата не се прават во оптималното време за прскање, а тоа е самрак. Се прска кога ќе престанат активностите на луѓето и тука губиме еден процент од ефективноста на прскањето. Сите средства се препорачани од СЗО и нема средства опасни по здравјето. Во Македонија се почитуваат најновите препораки, рече тој.





