Шише пакувана вода во раце држеше директорката на гостиварски „Комуналец“, Артана Асани при донесувањето во Основниот суд – Гостивар

Асани избра да се освежи со пакувана вода, не таа вода од водоводот за која тврдеше дека е исправна, а заболените заболеле од храна и од „вруќините“. Заедно со Асани пред судија на претходна постапка се изведени и двајца колеги на Асани.

Тројца беа уапсени вчера попладне, откако Обвинителството ги доби резултатите од водата од водоводот, кои покажаа 50 пати повеќе од дозволеното присуство на фекални бактерии.

Се испитуван нивната одговорност за поставување на три пумпи со кои се испумпувала вода во водоводот од канал кој се наоѓал 800-900 метри од заштитената зона.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ