Претпладне со Христина

Претпладне со Христина

Денот добива поинаква смисла кога си на работа или низ дома, а во заднина си „тече“ плеј листа полна со одлични хитови.

Кристина Алексиеска




Музиката ја сфаќам како водечка емоција која ме носи низ најразлични светови.Утрото преферирам да го поминам во тишина, како момент за себе, оддишка за она што следи, бидејќи секој ден е нов предизвик.Е после првата доза на кафе, веќе може да разговараме, затоа претпладнето е идеално за дружба за мене.


Хитовите на радио се она што секогаш ми го прават денот.За мене можам да кажам дека носам душа на креативец вечно „заробена“ помеѓу сопствените идеали и реалноста. Верувам дека во секое зло има добро. „Always look at the bright sight of life“

Темераментна личност која ужива да спознава и открива нови нешта и места.


Работата во медиум, дефинитивно е местото каде што се чувствувам најсвоја, каде можам да ги изразам мислите, иако често во секунда ми прелетуваат милијарда.


Уживам во добра книга, патувањата ме враќаат во живот.


Љубовта која ја ја добивам од најблиските, семејството и пријателите е нешто без кое неможам да живеам, таа е дозата која ги полни сите чакри.





 

 



Претпладне со Христина crew

Би си ја залепила „етикетата“ – креативна, романтична, уметничка душа која верува во чиста љубов и добри намери. Без кафе можам, без музика никако! Уживам постојано да откривам нови светови меѓу музичките парчиња и нови светогледи меѓу луѓето. „Паѓам“ на добар текст на песна и на искрена емоција, од човек за човек, во секојдневието. Никогаш […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background