Работно време со Надица
Понеделник | 10:00 | 14:00 | |
---|---|---|---|
Вторник | 10:00 | 14:00 | |
Среда | 10:00 | 14:00 | |
Четврток | 10:00 | 14:00 | |
Петок | 10:00 | 14:00 |
Работно време со Надица
Секој работен ден од 10 до 14 часот имаме една мисија да ве забавуваме, разиграме и информираме.Без разлика дали не слушате дома, во автомобил или на работа ќе слушате одлична забава, брзи и точни информации и само хитови.

Утрото го преферирам во друштво на кафе и позитивна мисла, па денот може да започне. Затоа претпладнево е идеално време за дружба со мене и слушање на доза хитови на радио. Музиката за мене претставува, водилка која ти носи различни емоции и во секое време е тука за тебе.
И уживам додека ги слушам хитовите на радио, можам да кажам дека сум упорна кон своите замисли и цели. Верувам дека упорноста секогаш на крај се исплатува, само со добра и позитивна мисла. “Never give up”.
Комуникативна и позитивна личност која сака да патува и да ужива во нови места.
Работа во медиум за мене е најпрекрасната професија место во кое уживам. Каде можам да ги изразам емоциите и да ги пренесам на слушателот. Пред се’ позитивните вибрации и доза хитови.
Уживам да го поминувам времето со моето синче, кое е мојата инспирација и се во животот. Сакам фитнес, нешто за кое секогаш пронаоѓам време, без разлика на работните обврски.
Љубовта која ја добивам од моето синче од најблиските, семејството и професијата која ја работам, се нешта кои ме прават среќна и ме мотивираат.