Попладневно шоу со Анѓела и Јаков
Понеделник | 14:00 | 18:00 | |
---|---|---|---|
Вторник | 14:00 | 18:00 | |
Среда | 14:00 | 18:00 | |
Четврток | 14:00 | 18:00 | |
Петок | 14:00 | 18:00 |
Попладневно шоу со Анѓела и Јаков
Во попладневното радио шоу, Канал 77 е верен пријател на оние кои на крајот на работниот ден, со насмевка возат накај дома.

Хиперактивна водителка и доста спротивен водител. Како минус и плус.
Како Амер и Рус. Што може да тргне наопаку кај два спротиставени карактери? Па ништо...или се?
Ангела Пингова

Го сакам секој нов ден, сакам сонце, сакам кафе, а мразам да зборувам сама за себе.
Јаков Трајанов

Најважна цел во животот ми е максимална релаксација. Па што ќе ни живот ако сме константно под стрес?
Затоа и ја обожавам зен-философијата и уметноста на тоа да не се прави ништо. Тоа не значи дека сум мрзлив, туку дека уживам во уметноста... а и немам многу што да кажам за мене.
Едноставен човек со комплицирани мисли. Бавен човек со брзи идеи. Диво дете со мирни навики... Ох, пак ми залута умот и почнав да философирам.
Инаку, уживам во тоа да ја насмеам и забавувам публиката, бидејќи нешто што најмногу сакам е да го разубавам денот на другите, макар и на кратко. Хуморот сепак ми е движечка сила во животот. Ах, пак се зазборив и не го видов времето. Време е да одмориме малку!