Шверц на лекови, се апси во Скопје, Тетово и Гевгелија

Полициска акција насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење стоки и извршување на коруптивни кривични дела, се спроведува денеска од утринските часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР.

Дел од медиумите објавија дека акцијата се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.

Повеќе детали за текот на акцијата и преземените мерки се очекуваат по завршувањето на полициските активности.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ