Сипаници кај овци и кози, се евтаназираат и закопуваат, не ги вакцинирајте на своја рака, велат од АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва со кои има склучено договор за вршење на активности од јавен карактер добива информации за појава на болести во одредени одгледувалишта.

-По добивањето на информација, се земаат примероци за испитување на присуство на вирусот на сипаници кај овци и кози (крв и брисеви). По потврдување на болеста директорот на АХВ донесува решение за спроведување на контролни и заштитни мерки за справување со болеста, при што се пристапува кон евтаназија на животните и нивно закопување, информираат од АХВ.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

АХВ е континуирано на терен,  ја следи состојбата со болеста и навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки.

-Во однос на можната вакцинација, АХВ достави информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција. Притоа, експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки. Дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. По добивањето на одговор за вакцинација, ќе се пристапи кон тестирање на безбедноста и чистотата на вакцината, по што ќе се започне со вакцинација. Секоја вакцинација на сопствен трошок на сточарот без одобрена вакцинација од страна на Агенцијата, соодветно ќе биде санкционирана и нема да се врши компензација на заболените животни, односно обештетување за одземените животни, се вели во соопштението од АХВ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ