Скршеници, труење со алкохол, прегазени од стампедо –  Четири жртви во прославите по пласманот на Мексико во осминафиналето на СП

Фото: Јутјуб

Четири лица смртно настрадаа во масовната прослава што уследи по пласманот на Мексико во осминафиналето на Светското фудбалско првенство, соопштија синоќа властите во престолнината Мексико Сити.

Триесетгодишен маж починал од срцев удар откако доживеал епилептичен напад. Другите жртви биле прегазени во стампедо додека толпата народ се собрала пред споменикот „Ангел на независноста“ во центарот на градот, јавија мексиканските медиуми.

Градската служба за итни случаи објави дека две од жртвите, маж (44) и девојка (19) се задушиле на улица.

Градоначалничката Клара Бругада ги повика навивачите да „прославуваат одговорно, со грижа и емпатија“.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изрази длабоко жалење за трагичните настани.

Повеќе од 1.600 луѓе побарале лекарска помош на стадионот „Ацтека“ на кој Мексико во вторникот вечер го совлада Еквадор со 2-0 во шеснаесетфиналето на Светското првенство, како и за време на еуфоричната прослава што уследи низ градот поради разни повреди, вклучувајќи скршеници и труење со алкохол.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ