SpaceX пушти комуникациски сателит во орбитата

Компанијата SpaceX успешно истрела комуникациски сателит во вселената. Ракетата „Фалкон 9“ беше пуштена во 2 часот по локално време од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, пренесоа светските агенции.

Сателитот „EchoStar XXIII“ ќе се наоѓа во орбита околу земјата на височина од 35.000 километри и ќе обезбедува телекомуникациски услуги за Бразил.

Ракетата е пуштена од теренот 39A, познат по тоа што од него се реализирале голем број мисии на НАСА, вклучувајќи ги и оние кои стигнаа до Месечината во 60-тите и 70-тите.

SpaceX е основана и предводена од милијардерот Елон Маск. Под негово раководство компанијата стана првата која испрати до Меѓународната вселенска станица (МВС) приватен трговски брод во 2010 година.

Минатиот месец од SpaceX соопштија дека две приватни лица платиле за „екскурзија“ до Месечината, што треба да се одржи следната година. Тие ќе бидат првите луѓе кои ќе патуваат на толку голема далечина во отворен простор.

САД не пратиле астронаути на Месечината од мисиите на „Аполо“ во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. SpaceX ќе организира обиколка на Месечината за двајца туристи на крајот на следната година. Тоа дава можност за луѓето да се вратат во длабоката вселена за прв пат по 45 години и тие ќе патуваат побрзо и подалеку во Сончевиот систем од кого и да било пред нив. Имињата на двајцата вселенски туристи не е објавено. Тие веќе поднеле значителен депозит, се прецизира во соопштението.

Извор: Стандард

Додади коментар

Би те интересирало и

БиХ ќе влегува во Гинисовата книга со најголем бурек на светот

Група ентузијасти од Босна и Херцеговина ќе организираат печење на најголемиот бурек во светот со ...

Најнепосетени туристички дестинации во светот

Според извештајот на Светската организација UN, во 2016-та година, само 1000 луѓе го посетиле јужно-пацифичкиот ...

Close