SpaceX ќе лансира употребена ракета

Компанијата SpaceX ќе направи историски чекор, лансирајќи половна ракета, пишува BBC.

Ракетите традиционално се користат само еднаш, бидејќи одделни делови се распаѓаат кога носат сателити во орбитата.

Но, SpaceX направи голем исчекор благодарение на ракетите Falcon, кои по мисијата се враќаат на Земјата.

Компанијата сега подготви една таква половна ракета, која ќе биде поставена за лансирање. Лансирањето од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида е најавено половина час по полноќ.

Ракетата во орбитата ќе го однесе сателитот SES-10, тежок 5,3 тони, на операторот од Луксембург SES. Сателитот би требало да овозможи телевизиски и телекомуникациски услуги на Карибите, латинска и Јужна Америка.

„Половен“ е само долниот, погонскиот дел на Falcon, додека горниот дел од конструкцијата што го штити сателитот при лансирањето е нов.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

На која возраст мозокот најдобро работи?!

Со помош на магнетна резонанца, научниците го анализирале мозокот на 359 луѓе, на возраст помеѓу ...

Соопштение на лекарска ординација стана хит на интернет

Еден лекар во Босна и Херцеговина на влезот на својата ординација објави соопштение, кое стана ...

Close