Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски во посета на Кочани
Министерот за здравство Сашо Клековски во посета на Кочани

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата Фејсбук-страница.

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.

Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.

– Како што и досега имам изјавувано – државата е тука на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов – додаде министерот во објавата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ