Кога заминуваа во ЗНАМ оваа група не замина
Покрај разликите и Црвенковски и Заев останаа во рамките на СДСМ матрицата
Новинарот Љубиша Николовски беше гостин во емисијата Стадион на Канал77 и даде свое мислење околу случувањата во СДСМ.
Меѓу другото тој рече:
-Во СДСМ треба да се свесни дека ако не најдат начин да се измират со матицата ќе мора да формираат друга политичка структура. Мислам дека кризата во СДСМ не е само идеолошка или програмска, тукукриза легитимитет на лидерството. Нема лидер со доволен политички капитал. Старите поделби меѓу различни струи остана. Го нема Бранко ни Заев, заминаа, но беа лидери, ја држеа партијата заедно. Филипче се обидува да наде нова или стара структура која ќе му биде лојална. Заев, без огледд на сите критики го имаше, Ковачевски никогаш не се обиде да го направи а Филипче се обидува. Покрај разликите и Црвенковски и Заев останаа во рамките на СДСМ матрицата. Мене ми мириса дека постојат влијанија во партијата и од Црвенковски и од Заев и ен денес во СДСМ и тоа се огледа во конфликт во партијата, рече меѓу другото Николовски.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Погледнете го целото интервју во видеото:








